Русија да не го анектира Крим

оти ќе ја прекрши Повелата на ОН

Брисел, 17 март 2014 (МИА) - Северноатлантскиот совет (НАК)  на денешното заседаваше во Брисел донесе одлука да не го признае референдумот за отцепување на Автономната Република Крим од Украина и нејзино припојување кон Русија, јави дописникот на МИА од Брисел.

Притоа, земјите-членки на Алијансата ја повикаа Русија да не го анектира Крим, бидејќи на тој начин ќе ја прекрши Повелбата на Обединетите нации.

- Ние сметаме дека т.н. референдум одржан на 16 март во украинската Автономна Република Крим е незаконски и нелегитимен. Референдумот го прекрши украинскиот устав и меѓународното право, поради што членките на НАТО не ги признаваат неговите резултати. Околностите под кои се одржа референдумот беа со длабоки недостатоци и затоа тој е неприфатлив. Ова беше демонстрирано со избрзаната природа на референдумот во услови на воена интервенција и ограничувања и манипулација на медиумите, што исклучи каква било можност за слободна дебата и дискусија и гласањето изгуби кредибилитет, се наведува во заклучокот на Северноатлантскиот совет.

Притоа, Алијансата ја повикува Руската Федерација да придонесе за деескалација на ситуацијата, вклучувајќи и прекинна сите воени активности против Украина, потенцирајќи дека референдумот „ги поткопува напорите за изнаоѓање политичко решение за кризата во Украина”.

- Ние и натаму ја повикуваме Русија, во чест на сите нејзини меѓународни обврски, да се врати на патот на дијалог и бараме мирно, политичко решение, вклучувајќи и преку директен дијалог со владата на Украина. Затоа ја поттикнуваме Руската Федерација да не презема какви било чекори за анексија на Крим, што ќе биде јасно кршење на Повелбата на Обединетите нации, се посочува во заклучокот на Советот на НАТО.

Членките на НАТО ја повторија и својата целосна поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и принципот на неповредливоста на нејзините меѓународно признати граници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...