Нови 12 имиња на „црната листа“

Брисел, 21 март 2014 (МИА) – Шефовите на држави и влади на членките на Европската унија одлучија да додадат нови 12 имиња на „црната листа“ на санкционирани руски функционери, соопшти рано утрото претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј.

Тоа е главен резултат од маратонската работна вечера на која шефовите од 28 држави од ЕУ дискутираа за заедничкиот европски одговор на припојувањето на Крим кон Русија.

Ван Ромпуј не ги наведе имињата на функционерите кои ќе се придружат на листата од 21 кримски и руски функционери поради поттикнување сецесија на Крим. Ним им е забрането патување во ЕУ и располагање со средства во европски банки. Тој рече дека на листата се и „некои многу високи функционери“.

– Санкциите не се одмазда ниту цел, туку надворешнополитички алат, изјави Ромпуј на прес конференција.

– Не може во 21 век границите да се менуваат со сила, изјави Ван Ромпуј.

Тој најави дека во случај Русија да преземе мерки за деескалација на кризата ќе бидат воведени поостри санкции.

Освен индивидуалните санкции, лидерите во ЕУ се договорија и да биде откажан самитот ЕУ-Русија како и билатералните средби на високо ниво со руски функционери.

Ван Ромпуј најави дека ЕУ денеска свечено ќе потпише договор за асоцијација со Украина.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ЕУ е подготвена финансиски да ја поддржи новата влада во Киев под услов да постигне договор со ММФ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговараат двајца пријатели:
- Пази што се случи, жена ми додека беше трудна ја читаше "Тројцата мускетари" и кога се породи завчера ми роди тројка.
- Ај ја фаќам магла, мојана...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини...
Верски календар
На денешен ден
- Ден на пожарникарството во Република...
1498.- Португалскиот морепловец Васко де Гама...
1506.- Умре шпанскиот морепловец од италијанско...
1799.- Во Тур е роден францускиот писател Оноре...