Русија се подготвува да навлезе во Украина

Њујорк, 9 април 2014 (МИА) - Американските разузнавачки служби располагаат со детални информации, кои покажуваат дека Русија ги собрала потребните сили, потребни за целосно навлегување во Украина, пишува американскиот весник „Дејли бист“. 

Според американски претставници, сепак на командата на американската армија и било наредено да не ги информира своите украински колеги со податоците на САД за руските војници, пишува новинарката Ели Лејк. 

- Не верувам дека со Украинците сме споделиле некои подетални информации. Очигледно е дека ние им даваме клучни воени препораки за руските потенцијали на нивната граница и за тоа како најдобро да се искористат украинските Вооружени сили во таа ситуација, вели републиканскиот конгресмен Мајк Тарнер, шеф на Комисијата на Вооружените сили во Претставничкиот дом на Конгресот. 

Американските разузнавачки служби со извештајот за потенцијалното руско навлегување во Украина го запознале само Конгресот, некои американски политичари и членови на Администрацијата на претседателот Барак Обама.

- Оваа информација е мошне важна за украинската Влада, со оглед на тоа што таа не располага со сателити, сензори и технологии за пресретнување и собирање на такви податоци, додава авторката на текстот. 

Според информации на весникот, се повеќе се појавуваат знаци дека навлегувањето наближува и оти тоа ќе биде спроведено по лична наредба на Путин.

Извори во американскиот Конгрес тврдат дека американското разузнавање регистрирало „снабдувачки линии“, полски болници и мобилни медицински воени единици и движење на тенкови и артилериски колони - работи, кои не се гледаа кога Русија во февруари најави воени вежби покрај Украина, се вели во написот. 

Според американските оценки, Русија на границата со Украина концентрирала 80 илјади војници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...