Одржана вонредна седница на СБ на ОН за Украина

Њујорк, 14 април 2014 (МИА) - Советот за безбедност на ОН синоќа одржа вонредна седница за Украина, свикана на барање на Русија, откако вршителот на должноста претседател на Украина, Олександар Турчинов нареди „широка антитероритсичка операција“ со учество на вооружените сили против вооружените проруски активисти во источниот дел на земјата.

Западните земји ја обвинија Москва дека ги организирала тензиите во источниот дел на Укрина, а Москва од своја страна го повика Киев да престане со употребата на сила против „украинскиот народ“.

Рускиот постојан претставник во ОН Виталиј Чуркин изрази силна загриженост поради заканите на украинските власти дека ќе употребат сила против проруските активисти, што ги окупираа административните згради во источниот дел на земјата. - Веќе беше пролеана крв и итно треба да биде избегната нова ескалација, истакна тој.

Чуркин изрази уверување дека спречувањето на граѓанска војна во Украина зависи од Западот. Западните сили треба да престанат да бараат руска трага во настаните во Југоисточна Украина, повика рускот претставник во ОН. Според него, планираната за 17 април четиристрана средба за Украина во Женева може да биде откажана, ако украинската армија почне операции во источниот дел на земјата.

Постојаниот претставник на САД во ОН Саманта Пауер ги осуди „руските дезинформации и пропаганда“, обвинувајќи ја Москва дека ја создала и организирала нестабилноста во Источна Украина. - Настаните во изминатиот период во овој регион „се целосна копија на тактиката, употребена од руските сили во првите фази од кризата во Крим“, истакна постојаниот претставник на САД во ОН.

Пауер изрази целосна увереност дека Русија стои зад случувањата во Источна Украина.

Советот за безбедност одлучи средбата да биде јавна, што овозможи да присуствува и украинскиот постојан претставник во ОН Јуриј Сергеев, наспроти барањето на Русија средбата да биде затворена.

Сергеев изјави дека Украина е цел на „голем терористички напад, организиран од Русија“. - Ги повикувам нашите руски партнери итно да престанат со кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, истакна тој.

Русија е постојана земја членка на СБ на ОН и има право на вето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...