Засилена поддршка за членство во НАТО меѓу Швеѓаните

Гетеборг, 15 април 2014 (МИА) -  Позитивните ставови меѓу граѓаните на Шведска кон зачленување НАТО се во пораст, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Според резултатите од најновото испитување на јавното мислење спроведено од страна на институтот „СОМ“, кои наскоро ќе бидат презентирани во јавноста, 29 проценти од испитаниците сметаат дека е добар предлогот неутрална Шведска да поднесе барање за прием во членството на НАТО.

Лани во слично истражување за поддршка за членство во Алијансата се изјасниле 17 отсто од испитаниците.

Шведските аналитичари сепак предупредуваат дека треба да се има предвид периодот во кој е спроведено истражувањето, односно од октомври до декември лани, значи пред периодот на заострувањето на кризата во Украина, која се чини има спротивен ефект и моментно го засилува отпорот против НАТО во Шведска.

Анкета што ја направи „Свенска дагбладет“ во март годинава покажува дека 50 отсто од анкетираните биле против членството во НАТО, што претставува зголемување од 10 остсто на отпорот против пристапувањето во Алијансата во споредба со истражувањето што тој весник го спроведе пред една година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...