ЕП ќе гласа резолуција за воведување санкции против руски енергетски снабдувачиБрисел, 17 април 2014 (МИА) - Европскиот парламент на својот дневен ред на последната пленарна седница во овој состав, ја стави на гласање резолуцијата, со која се бара воведување на санкции против руски енергетски снабдувачи.
Се предвидува европратениците да побараат воведување на вакви санкции поради настаните во источниот дел на Украина. Се очекува гласањето да биде во попладневните часови, но не е познато каква поддршка ќе добие овој документ.
Во предлог-резолуцијата е упатен повик за преземање мерки против руски здруженија, нивните фирми-ќерки, посебно во енергетскиот сектор, како и против руски инвестиции и имот во ЕУ.
Се предвидува ЕП да побара и преразгледување и евентуален прекин на секакви двострани договори со Москва.
Со резолуцијата се повикува Советот на ЕУ да биде подготвен за пристапување кон третата етапа од санкциите против Русија, кои, доколку биде изгласана, ќе бидат итно спроведени.
|