Киев врши злосторство против својот народ

Москва, 24 април 2014 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека доколку е точно оти украинските власти испратиле војска во Славјанск, тоа претставува сериозно злосторство на официјален Киев против сопствениот народ.

– Ако навистина сегашниот режим во Киев почнал да ја употребува армијата против населението во државата, тогаш тоа е многу сериозно злосторство, додаде Путин.

– Тоа не е остра фаза, тоа е казнена операција која ќе има последици за луѓето кои ги преземаат тие одлуки како и за меѓународните доноси, изјави Путин на форум во Санкт Петербург.

Украински трупи денеска презедоа офанзива во Славјнаск, заземајќи го контролниот пункт северно од Славјанск. Во соопштението на украинското Министерство за одбрана се наведува дека за време на акцијата загинале „пет терористи“, а повреден е еден украински војник.

Путин додаде дека и „легитимниот претседател на Украина Виктор Јанукович“ не си дозволил да ја испрати армијата против демонстрантите во Киев и покрај тоа што имал право за тоа.

Рускиот претседател нагласи дека воведувањето економски санкции ќе има поволни моменти за Русија меѓу кои „деофшоризацијата на економијата“ и формирањето „подобри услови за бизнис во Русија“. Путин вели дека ако Крим не бил присоединет кон Русија, сега ситуацијата на полуостровот ќе била потешка и актуелната во јужните и источните региони на Украина.

Во Москва рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека украинските власти се должни да направат прв чекор ако се бара решение за украинската криза.

– САД треба да го искористат влијанието и да го убедат Киев да ги исполни обврските од меѓународниот договор од минатата недела за Украина, нагласи Лавров.

Според него, основен услов за излез од кризата во Украина е прекин на незаконските акции на властите во Киев.

– Украинските власти треба да знаат за својата одговорност од договорот од 21 февруари како и од 17 април во Женева. Таму јасно се кажува дека не смее да има никакво насилство. Да се употреби армијата, и да се потпирате на радикал-националисти против народот е недозволена форма на насилство. Според мене, тоа е криминално решение, изјави Лавров на прес конференција во Москва по средба со либанскиот колега Џебран Басил.

– Она што се случува сега во Славјанск, а во изминатата ноќ и во Мариупол, е резултат на неодговорна политика, која се потпира на ултранационалистички, екстремистички и до голем степен, нацистички групи, кои согласно договорот од 21 февруари требаше да бидат разоружани, вели Лавров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...