Русија не го почитува женевскиот договор за Украина

Вашингтон, 25 април 2014 (МИА) - Американскиот државен секретар Џон Кери ја обвини Русија дека не ги исполнува преземените обврски согласно Женевскиот договор за смирување на кризата во Украина.

Кери истакна дека ако Москва не преземе итни мерки за намалување на тензиите, тоа ќе претставува сериозна и скапа грешка.

Според него, во тој случај Вашингтон нема да има друг избор, освен да воведе дополнителни санкции. Тој нагласи дека времето во кое Москва може да го промени својот пристап истекува и дека САД се подготвуваат да дејствуваат.

- Можноста за промена на курсот се затвора, предупреди Кери во изјава пред новинарите во американскиот Стејт департментот.

Според Кери, Русија користи пропаганда да ги скрие намерите во Источна Украина и се обидува да го дестабилизира регионот и да ги поткопа изборите во Украина предвидени за идниот месец.

Кери истакна дека американското разузнавање располага со податоци дека руските специјални служби „играат улога во дестабилизирањето на ситуацијата“ во Украина. Според него, како што јави ИТАР-ТАСС, некои од агентите биле застрелани во Славјанск.

Американскиот државен секретар, исто така, нагласи дека украинските власти од самиот почеток го исполнуваат договорот постигнат во Женева.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...