Русија сака трета светска војна

Киев, 25 април 2014 (МИА) - Украинскиот премиер Арсениј Јацењук денеска изјави дека Русија сака да почне трета светска војна преку „воена и политичка“ окупација на Украина и создавање на конфликт, кој ќе го опфати и останатиот дел од Европа.

- Обидите за воен конфликт во Украина ќе доведат до воен конфликт во Европа. Светот се уште не ја заборавил Втората светска војна, но Русија веќе сака да почне трета, истакна Јацењук на владина седница.

- Државното раководство на Руската Федерација има целосна одговорност за агресијата на територијата на Украина и за поткопувањето на меѓународната безбедност и стабилност, истакна Јацењук.

Тој ја повика целата меѓународна заедница да се обедини против руската агресија.

Руските војници, кои спроведуваат воени вежби во близина на границата на Украина оваа недела се приближија на еден километар од границата, но не ја преминаа, изјави украинскиот министер за одбрана Михајло Ковал.

- Колона возила на руските сили стигна на еден километар од границата, а во вежбите учествува и дел од руското Воено воздухопловство, рече Ковал и додаде дека украинските вооружени сили се подготвени да одговорат на секаков вид агресија.

Јацењук истакна дека Украина очекува до утре официјален одговор од Русија на прашањето зошто руските војници се сконцентрирани на украинската граница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...