Во Луганск меѓу 94 и 98 отсто од гласачите се изјасниле за независност

Доњецк, 12 мај 2014 (МИА) - Организаторите на двата референдума во областите Луганск и во Доњецк во источна Украина изјавија дека околу 90 проценти од учесниците се изјасниле за независност.

Според првичните резултати меѓу 94 и 98 отсто од гласачите во областа Луганкс се изјасниле за независност.

Во Доњецката област се преброени сите гласачки ливчиња од референдумот за самоопределување, а резултатите се очекуваат во 13 часот.

- Преброени се сто проценти од гласачките ливчиња. „За“ гласаа 89,7 отсто, „против“ беа 10,19 отсто, а 0,74 проценти од гласачките ливчиња се невалидни, изјави претседателот на Централната изборна комисија на самопрогласената Доњецка република, Роман Лјагин.

На прашањето дали ќе има втор референдум, овој пат за приклучување кон Русија, градоначалникот на Славјанск, Вјачеслав Пономаров изјави дека за три дена „може да се организира секаков вид на референдум“.

Тој изјави дека во Славјанск избирачката активност на референдумот изнесувала околу 80 отсто.

Проруските сепаратисти, кои ги организираа двата референдума изјавија дека конечниот статус на двете области ќе биде одреден подоцна и тие не ја исклучија можноста за отцепување од Украина или за анектирање кон Русија.

Централните власти во Киев и Западот ги осудија референдумите, кои според нив претставуваат кршење на националните закони и на меѓународното право и ја обвинија Москва дека „додава масло во огнот“ со нејзината цел да заземе уште територии, по анектирањето на Крим.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...