Киев да ја повлече армијата од источна Украина

Ростов, 12 мај 2014 (МИА) - Поранешниот украински претседател Виктор Јанукович денеска ги повика властите во Киев да ги повлечат војниците од регионите на Донњецк, Луганск, Одеса и другите делови на Источна Украина и „да го запрат насилството над сопствениот народ“.

- Ве повикувам да застанете, нагласи Јанукович, додавајќи дека „киевската убиствена хунта досега убила над 300 мирољубиви граѓани на Украина“.

Јанукович нагласи дека огромно мнозинство од жителите на реонот на Донбас излегле на референдумите и го дале својот глас „за секаква друга форма на државност, само не таква во која сопствените граѓани ќе може неказнето да се нарекуваат терористи и неказнето да се убиваат“.

- Цел свет виде колку луѓе излегоа на референдумите. Вие можете да ги игнорирате резултатите, но ниту вие, ниту Европа, ниту некои други држави не можете да тврдите дека има терористи и да водите војна против сопствениот народ, потенцира Јанукович.

Како што јави ИТАР-ТАСС тој нагласи дека признава оти направил стратешки грешки за време на неговиот мандат, но нагласи дека е длабоко убеден оти „ниту моќта, ниту кариерата, ниту финансискиот успех, не можат да бидат повредни од човечки живот“.

Во реонот на Домбас, кој ги опфаќа регионите на Доњецк и Луганск, вчера се одржаа референдуми за самоопределување на кои според податоците на проруските сепаратисти, кои го организираа изјаснувањето, огромно мнозинство од жителите се изјасниле позитивно.

Според комисијата во Доњецк, за самоуправување се изјасниле 89 проценти од гласачите, додека десет отсто биле против. Во Луганск, пак, 96 проценти биле за, а нешто над три отсто се изјасниле против.

Руските сепаратистички власти во овие региони најавија дека сега нема никаква основа за учество на украинските претседателски избори што се закажани за 25 мај.

Портпаролот на прес-службата на проруските регионалните власти во Луганск, Василиј Никитин нагласи дека не е исклучено сега да бидат организирани и референдуми за присоединување на самопрогласената „Луганска Народна Република“ кон Русија.

- Ако донесеме такво решение, тогаш ќе ја земеме предвид волјата на народот, истакна Никитин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...