Доњецк и Луганск прогласија независност од Украина

Киев, 12 мај 2014 (МИА) - Проруските сепаратистички лидери во Доњецк и Луганск денеска прогласија независност на т.н. „Доњецка Народна Република“ и на т.н. „Луганска Народна Република“ од Украина.

„Народниот гувернер“ на Луганската Област, Валериј Болотов попладнево на минтинг во Луганск објави независност на самопрогласената „Луганска Народна Република“.

Како што јави ИТАР-ТАСС, Болотов рече дека на вчерашниот референдум мнозинството од жителите на Луганск „го избрале патот на независност од самоволието и крвавиот диктат на киевската хунта, од фашизмот и од национализмот“.

- Луѓето го избраа патот на слободата и патот на почитувањето на законот. За Луганската Народна Република од моментот на прогласувањето на нејзината независност започнува нов живот без диктат на киевската власт, дополни Болотов.

Малку пред тоа, на прес-конференција во Доњецк првиот човек на т.н. „Доњецка Народна Република“, Денис Пушилин изјави дека оваа самопрогласена творба е „независна“.

Тој нагласи дека не планира да свика нов референдум за присоединување на регионот на Доњецк кон Русија, туку дека ќе побара од Москва „да ја апсорбира Доњецката Народна Република“.

Во регионите на Доњецк и Луганск вчера се одржаа референдуми на кои според податоците на проруските сепаратисти, кои го организираа изјаснувањето, огромно мнозинство од жителите се изјасниле за самоопределување.

Според комисијата во Доњецк, за самоуправа се изјасниле 89 проценти од гласачите, додека десет отсто биле против. Во Луганск, пак, 96 проценти биле за, а нешто над три отсто се изјасниле против.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...