Украинците масовно гласаат за нов претседател

Киев, 25 маj 2014 (MИА) - Украинците масовно гласаат за нов претседател, кој ќе има тешка задача да стави крај на прорускиот сепаратистички бунт во источниот дел на земјата и да ги нормализира односите со Русија.

На исток, меѓутоа, каде што сепаратистичките бунтовници предупредија дека ќе направат се што е можно да го попречат изборниот процес, има малку знаци за изборна активност.

Според администрацијата на Доњецката област таму успеале да отворат помалку од 18 проценти од избирачките места.

Централната изборна комисија соопшти дека во соседната област Луганск можат да гласаат едвај 17 проценти од избирачите.

ИТАР-ТАСС цитира претставник на сепаратистите во Доњецк, според кој досега таму не е отворено ниту едно избирачко место.

Не се отворени ниту избирачките места на градскиот аеродром, каде ЦИК на 23 мај реши да префрли неколку окружни изборни комисии.

Според првичните информации, киевските власти „дури не се ни обиделе таму да достават гласачки ливчиња“, додаде изворот.

Во 12 часот по локално време е планиран митинг во Доњецк против претседателските избори во Украина.

Организирањето на слични митинзи беше објавено во сите градови на самопрогласената Доњецка народна република, рече нејзин претставник.

Во градот Доњецк и околината ситуацијата е спокојна. Организирањето на изборен процес во градот Славјанск  е невозможно, изјави денеска претседателот на ЦИК на Украина Михаил Охендовски.

Денешните предвремени претседателски избори ќе бидат признаени, независно дека во повеќе избирачки места во Доњецката и Луганската област нема да се гласа, наведе ИТАР-ТАСС.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...