Deutsche Welle

Од менаџер до претседател на сите Украинци

Со чоколади стана милијардер. Сега ќе биде украински претседател: Петро Порошенко. Кој е овој успешен бизнисмен и политичар?

Со јасно мнозинство уште во првиот изборен круг Петро Порошенко ги победи останатите кандидати за највисоката функција во државата. Никој сериозно не можеше да го загрози неговиот политички марш. Како претприемач тој веќе одамна е величина во земјата. Неговото чувство за бизнис и политика можеби го донесе од Одеса. Тој впрочем е роден во близина на овој пристанишени град на Црното Море, познат по својата трговска традиција.

Нему му припаѓаат повеќе големи претпријатија, кои работат во различни бранши, меѓу нив и медиумски претпријатија. Порошенко е сопственик на популарната телевизија „5. Канал“.

Но, луѓето во Украина го нарекуваат пред сѐ „Крал на чоколадите“ - поради вкусните слатки, кои ги произведува една од неговите познати фирми. Економскиот подем на Порошенко започна со продажбата на производи од какао. Притоа тој се докажа како умешен менаџер. Затоа многумина Украинци во него гледаат пример за добро претприемаштво.

Агилен политичар со убедувања

Паралелно со бизнисот Порошенко секогаш се ангажираше и политички и општествено. Тој има сопствена фондација. Како министер служеше во различни влади и повеќепати ја менуваше партијата. Тој се вбројува меѓу основачите на моќната Партија на регионите, која порано ја застапуваше Виктор Јанукович. По изборните измами во 2004 година Порошенко ја поддржуваше Портокаловата револуција со тогашната реформаторка. Подоцна служеше како министер за економија под претседателот Јанукович. Но, кога неговиот режим стануваше сѐ поавторитарен и покоруптивен, Порошенко застана на страната на народот. Тој настапи на Мајдан и финансиски го поддржа протестното движење.

И покрај сета промена на курсот, Порошенко секогаш се залагаше за демократски и пазарно-стопански реформи во Украина. Тоа што честопати ги менуваше таборите беше и знак за затегнатост во власта. Политиката и стопанството во Украина се тесно испреплетени. Порошенко е еден од олигарсите кои ја одредуваат политката во Украина или мораат да се прилагодат на неа, ако не сакаат да го изгубат својот бизнис. Како претседател Порошенко сака да ја прекине оваа традиција. Имено тој најави дека ќе се оддели од своите претпријатија, доколку победи на изборите. Ова сега ќе треба да го докаже.

Менаџер, кој би можел да ја обедини земјата

Но, пред сѐ Порошенко ќе мора да покаже дека со своите менаџерски способности може да води цела земја. Убедливиот исход за него покажува: Украинците веруваат во тоа. Притоа поволно за Порошенко е и тоа што секогаш имал добри контакти со сите политички табори. Како политичар во минатото тој секогаш полагаше на политички компромис и избалансираност.


Прагматично сега Порошенко ќе им пристапи и на огромните проблеми на Украина. Неговите надворешно-политички позиции јасно ги скицираше: Тој сака приближување на Украина кон Европа. Целта е дури членство во ЕУ. Но, тој полага и во изнаоѓање заеднички јазик со Русија. Неговите чоколадни производи таму се исто толку омилени колку и во Украина. Како Кремљ политички ќе се однесува кон Порошенко, доправа ќе се покаже.

Како водач на една „хунта“ - како што Москва досега го нарекуваше преодното раководство во Киев, избраниот украински претседател сигурно не може да се нарече.

Порошенко исклучува дијалог со милитантните сепратисти на истокот на Украина. Тоа уште еднаш го потврди по неговиот избор. Но, тој најави дека првото патување како претседател сака да биде на истокот на земјата. Таму многу луѓе не можеа да гласаат за него на изборите, бидејќи беа спречени од теророт на сепратистите. Сепак изборните резултати покажуваат дека Порошенко допира до луѓето во сите делови на Украина. Со овој јасен мандат на народот Порошенко има силна легитимација. Со тоа би можел да стане претседател, кој ќе ја обедини земјата и ќе обезбеди мир. Но, нема да биде лесно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...