ВИДЕО: Шестмина загинати во невреме во Германија

Дизелдорф, 10 јуни 2014 (МИА) - Најмалку шест лица загина во невреме што минатата ноќ ја погоди германската сојузна држава Северна Рајна-Вестфалија, предизвикувајќи огромна материјална штета и хаос во сообраќајот, при што еден час беше затворен и аеродромот во Дизелдорф.

Невремето, проследено со грмотевици, поројни дождови и ветер кој на моменти достигал брзина и до 150 километри на час, зафати реон во кој живеат околу 18 милиони лица.

Германските медиуми јавуваат дека погоденото подрачје наликувало на воена зона, каде имало застои во сообраќајот, а некои патиштата биле непроодни поради дрва кои паднале на коловозите.

Властите апелира до жителите на ова подрачје да не излегуваат од своите домови, поради опасноста од удари на гром и од налетите на предмети носени од ветерот.

Поради невремето одделни делови на Дизелдорф неколку часа останаа и без струја.

Метеоролозите предвидуваат дека жариштето на невремето денеска ќе се помести кон централните и источните делови на Германија.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...