Грција не учествува на самитот во Лондон поради Македонија

Атина, 11 јуни 2014 (МИА) – Претствници на Грција не присуствуваат на Глобалниот самит за запирање на сексуалното насилство за време на конфликт во Лондон, затоа што нашата земја учествува под името Македонија.

Актерката и амбасадорка на канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) Анџелина Џоли и британскиот министер за надворешни работи, Вилијам Хејг, се домаќини на четиридневниот самит на кој присуствуваат претставници од над 140 држави од светот, меѓу кои и шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.

Иако на самитот нема грчки претставник, локалните медиуми јавуваат за случувањата во Лондон, констатирајќи дека грчкото не присуство е голем пропуст, јави дописникот на МИА од Атина.

Во својот говор на отворањето на самиот, Џоли истакна дека силувањето се користи како воено оружје при што најголем дел од насилниците не се казнуваат и ги повика светските лидери да се обединат и да преземат мерки против силувањата и сексуалното насилство за време на конфликти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...