НАТО ја крои агендата за Самитот во Велс за да обезбеди проширување

Брисел, 24 јуни 2014 (МИА) - Агендата за Самитот на НАТО во Велс во септември, со фокус на отворените врати на Алијансата за четирите земји-кандидати за членство: Македонија, Црна Гора, Грузија и Босна и Херцеговина, ќе биде главна тема на вечерашната работна вечера во рамки на дводневниот министерски состанок што ќе се одржи во седиштето на Пактот во Брисел.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во најавното соопштение за вечерашниот состанок се наведува дека тој ќе започне со работна вечера на која главна тема е агендата на самитот - „особено политиката на отворена врата на Алијансата и напредокот на четирите земји кои во моментов имаат аспирации за влез во НАТО”.

Според најавите, подетална дискусија на самитот ќе се одржи утре за врме на првата работна сесија на Северноатлантскиот совет (НАК). Министрите за надворешни работи ќе ги разгледа мерките на Алијансата во пресрет на руско-украинската криза и развивањето на Акцискиот план за подобрување на одбрана на сојузниците.

Исто така, министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО се очекува да разговараат и за начините за зајакнување на трансатланската врска меѓу Северна Америка и европските сојузници и како да се зајакнат односите на Алијансата со своите глобални партнери. Притоа се очекува да се разгледаат две иницијативи за партнерство: една од нив е да се подобри способноста на НАТО да обезбеди помош за градење на капацитети за одбрана на партнерите и другите земји кои би можеле да го побараат тоа, додека вториот план нуди со некои од најпознатите активни партнери на НАТО да се зголеми практичната соработка и политичкиот дијалог.

Во текот на утрешнито ден, ќе се одржи и средба на НАК со шефовите на дипломатиите на земјите-контрибутори во мисијата ИСАФ во Авганистан, на кој ќе присуствува и македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.

Притоа, министрите за сосотјбата во Авганистан по завршувањето на мисијата на ИСАФ ќе разговараат и со авганистанскиот заменик-министер за надворешни работи, Ершад Ахмади. Мисијата „Решителна поддршка”, која е планирано да започне на 1 јануари 2015 година, ќе биде лансирана само ако соодветни правни аранжмани се потпишат во догледно време.

Од НАТО, исто така, потврдија и дека на посебна седница, министрите на Алијансата ќе се сретнат и со новиот украински министер за надворешни работи Павло Климкин, со кого ќе разговараат за кризата и како Алијансата може да ја поддржи Украина, вклучувајќи и можно формирање на фондови за поддршка на градење на капацитетите за одбрана.

Специјалниот претставник на генералниот секретар на Обединетите нации за Авганистан, Јан Кубис, како и високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија, Кетрин Ештон, исто така се поканети на состанокот на министрите на НАТО.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...