Холандскиот тим влезе во возот со жртвите

Торез, 21 јули 2014 (МИА) - Тимот холандски експерти денеска ги истражува телата на загинатите при уривањето на малезискиот авион во Украина, кои се донесени во воз во гратчето Торез, во близина на реонот на падот на авионот.

Со маски на лицата, придружени од претставници на Организацијата за безбдност и соработка во Европа (ОБСЕ), експертите ги отвориле петте вагони, за кои се тврди дека се ладилници.

Тие информации можеби не се точни, бидејќи според репортери присутни на местото, од вагоните се ширела силна миризба.

И покрај тоа Петер ван Вилет, судско-правен експерт, кој раководи со тимот, рече дека телата, кои според ИТАР-ТАСС се на 251 жртви и 66 делови од тела, се чуваат во добри услови.

На местото на несреќата, според последните податоци се пронајдени 272 тела, изјави украинскиот премиер Арсениј Јацењук.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...