Побарано протерување на ќерката на Путин од Холандија

Лондон, 25 јули 2014 (МИА) - Во холандската јавност се појавија барања за протерување на ќерката на рускиот претседател Владимир Путин од Холандија, откриваат лондонските весници.

Марија Путина привремено престојува во Холандија, па од властите во Хаг се бара ќерката на рускиот претседател  да биде депортирана во Москва. Тоа би требало да биде реакција на Холандија за политиката на Владимир Путин, но повеќе како казна за руската „вина“ при соборувањето на малезискиот патнички авион, над југоисточна Украина, во кој најголемиот број од патниците беа Холанѓани.

Тешкиот инцидент од минатата недела, за кој меѓусебно се обвинуваат проруските бунтовници и украинските власти, предизвика натамошно интензивирање на антируската и антипутин кампања во британските медиуми, како и барањата за нови и уште построги санкции против Москва.

Лондонски „Тајмс“ во својот коментар бара продолжување на притисокот и „згмечувањето“ на Путин, оценувајќи дека тоа не само што ќе помогне за олабавување на украинската криза, туку ќе ја покрене руската елита за да се избори за отворање на нивната земја.

Ваквото барање доаѓа по тврдењето на НАТО дека Алијансата располага со докази за продолженото дотурање на руско оружје за сепаратистите во источна Украина. Според НАТО, преку руската граница бунтовниците примиле ново вооружување во изминатите неколку недели, а дека тоа било сторено и по соборувањето на малезискиот „Боинг 777“ во кој загинаа 298 лица.

ЕУ претходно ја предупреди Русија дека мора се престане со вооружувањето на проруските сепаратисти или Москва ќе се соочи со потешки санкции кои директно ќе ја погодат руската економија, а особено финанасискиот сектор.

Експерти во лондонски Сити, за кои се верува дека знаат што содржи предлогoт на заострените санкции, велат дека тие ќе ги погодат државните банки и секторот за извозот на гас и нафта од Русија, но се вели дека блокирањето на банкарските трансакции и државните обврзници ќе му нанесе голема штета и на британскиот финансиски сектор, а посебно на лондонскиот финансиски центар Сити.

Најострите британски критичари на Путин и Русија сепак сметаат дека „не смее да се попушти“ и бараат од премиерот Дејвид Камерон да почне со казнување на руските олигарси во Велика Британија, замрзнувајќи го нивниот имот и средствата што ги имаат во лондонските банки. Еден од оние кои би се нашол на удар на една таква мерка би бил Роман Абрамович, сопственик на фудбалскиот клуб „Челзи“ кој важи за близок сојузник на рускиот претседател.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...