Во Чешка се предлага задолжителна триесетпроцентна застапеност на жените на избори

Прага, 25 јули 2014 (МИА) - Жените треба да бидат застапени најмалку 30 проценти на парламентарните и регионалните избори, во спротивно политичките партии ќе добијат за една третина помал надомест од државата за освоените мандати, предлага чешкото Министерство за внатрешни работи.

Целта на Предлогот е да се оствари поголема вклученост на жените во јавниот и политичкиот живот во земјата, јави дописникот на МИА од Прага.

- Застапеноста на жените во чешката политика е континуирано на ниско ниво. На рангирањето на Интерпарламентарната унија, Чешка во моментов е на 60-тото место од 144 земји, заедно со Еритреја и Узбекистан, се вели во образложението на Предлогот.

И во рамки на ЕУ, застапеноста на жените во избраните државни органи се потпросечни.
Со предложените квоти за женските кандидати исто така се предвидува и нивното место на кандидатските листи, за да се избегне формалното ставање жени на изборните листи.
Според актуелните податоци, застапеноста на жените во чешкиот Парламент и во локалните преставништва е околу една петтина од вкупниот број и според забелешките во Предлогот, поголема застапеност на жените не може да дојде по природен пат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...