Експертите повторно не стигнаа до местото на падот на авионот

Киев, 29 јули 2014 (МИА) - Групата меѓународни експерти веќе трет ден по ред не успеа да дојде до местото на уривањето на малезискиот авион, поради борбите меѓу украинските и проруските сили, соопшти денеска холандското Министерство за правда. 

- Групата холандски и австралиски експерти не тргна од Доњецк кон местото на несреќата во источниот дел на Украина. Моментно се на пат, а околу местото на несреќата се водат премногу жестоки судири, се наведува во соопштението.

При борбите околу градовите Шахтјорск и Торез бунтовниците ја загубиле контролата врз селото Расипное, каде се наоѓаат дел од остатоците на урнатиот авион. Украинското Министерство за одбрана соопшти и дека продолжуваат борбите за „целосно ослободување на градовите Первомајск и Сњежноје“.

Жителите на Шахтјорск го напуштале градот во паника, а една повеќекатница била погодена од најмалку две гранати.

Министерство информира дека украинската војска влегла во Шахтјорск, но дека контролните пунктови кои го блокираат влезот на градот од западниот дел се под контрола на бунтовниците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...