Најмалку 19 загинати во судири во Доњецк

Доњецк, 30 јули 2014 (МИА) - Во судири меѓу украинските сили и проруските сепаратисит во регионот на Доњецк во последните 24 часа загинаа 19 лица, а 31 се повредени, соопштија локалните власти. 

Според медицински извори, девет луѓе, меѓу кои и три деца, нагазиле на мина во селото Берестовоје. Во инцидентот загинале две лица, а останатите се потешко повредени.

Во последните два дена украинските сили истрелале неколку балистички ракети во источниот дел од земјата, кој се наоѓа под контрола на проруските активисти.

Телевизијата Си-Ен-Ен оценува дека ова претставува „значајна ескалација“ во украинската криза.

Според медиумот, балистичките ракети со краток дострел можат да носат боеви глави до 450 килограми и имаат потенцијал да усмртат десетици луѓе.

Засега нема официјални реакции од Киев и Москва за оваа информација на американската телевизија, ниту пак од Вашингтон, кој силно ја поддржува украинската Влада.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...