Украинската армија претрпела тешки загуби

Киев, 1 август 2014 (МИА) - Украинската армија во текот на ноќта претрпела тешки загуби во нападот врз проруските сепаратисти во источна Украина, пренесоа британските медиуми.

Украинската телевизија денеска информира дека 20 војници загинале во нападот на сепаратистите во текот на ноќта, но воени извори прецизираа дека информацијата се проверува и бројот веројатно ќе биде помал.

Според украински воени извори, група падобранци се нашле под минофрлачки и тенковски напад во близина на градот Шахтјорск, во зоната каде на 17 јули беше соборен малезискиот авион, пренесоа британските меидуми.

Според првичните податоци, добиени од прес-секретарот на Штабот на борбената операција, Алексеј Дмитрашковски, 14 украински војници загинале во нападот, паѓајќи во засада за време на префрлањето на друга позиција во Шахтјорск, во Доњецката област.

- Податоците за 21 убен војник не се точни, бидејќи засега станува збор за 14 убиени, изјави Дмитрашковски. „Засега со сигурност се идентификувани 10 лица, додека за четворица се уште не се знае дали се сепаратисти или се наши“, додаде претставникот на Киев.

Лидерот на проруските сепаратисти од самопрогласената „Доњецка Народна Република“ Игор Стрелков за ИТАР-ТАСС соопшти дека настапувањето на украинските сили во градот Јасиновата, во текот на ноќта, било одбиено.

Според него, околу 22,30 часот синоќа во градот влегле неколку украински тенкови. Во борбата што следела бил опожарен еден оклопен транспортер на украинските сили, а со рачен фрлач биле уништени два тенка, по што украинските сили отстапиле.

- Градот останува во наши раце, изјави Стрелков.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...