Јанукович и синовите се жалат на санкциите од ЕУ

Брисел, 4 август 2014 (МИА) - Поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович и неговите синови Олександар и Виктор, како и украинскиот бизнисмен Сергиј Курченко, во Судот на ЕУ поднесоа жалби за санкциите што против нив ги воведе Европската унија, пренесе ИТАР-ТАСС.

Јанукович, неговите синови и Курченко бараат санкциите да бидат повлечени. Санкциите против нив беа воведени на 5 март и на 15 април, а со нив им се забранува патување и им се замрзнуваат банкарските сметки во земјите членки на Унијата.

Во Европскиот суд се поднесени вкупно четири жалби во кои четворицата тврдат дека санкциите не биле донесени врз основа на доволно докази, туку единствено од политички причини.

Јанукович, освен тоа, се жали и на фактот дека во постапката со санкциите Европскиот совет го нарекувал поранешен украински претседател.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...