На проруските сили им се предадоа 700 украински војници

Доњецк, 5 август 2014 (МИА) – Во градот Шахтјорск во Доњецката област каде се водат улични борби, се предадоа повеќе од 700 украински војници, јави Итар-Тас повикувајќи се на изјава на командант на армијата на самопрогласената Доњецка нарона република дадена за агенцијата Новоросија.

Засега нема потврда за информацијата од други извори.

 Руски медиуми јавуваат дека проруските сили и украинските сили за безбедност продолжуваат во Шахтјорск улични борби и размена на артилериски оган.

 - Во градот се уништени голем број куќи, бензински пумпи и продавници. Луѓе на улиците речиси и да нема, а жителите кои останале се засолнети по подруми и скривници, јавуваат руски медиуми. Пред неколку дена почна силна офанзива на Шахтјорск од север и југ, а цел на украинските сили е опколување на Доњецк и негово блокирање од Лугањската област и Русија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...