Москва го враќа ударот

Русија ќе воведе ограничувања на европски летови над нејзина територија

Москва, 5 август 2014 (МИА) - Русија би можела да воведе ограничување или забрана за користење на трансибирски воздухопловни рути за европски авиопревозници, што би го зголемило трошоците за сообраќај со Азија, како одговор на санкциите кои ЕУ ги воведе на Москва поради ситуацијата во Украина, пишува денеска весникот „Ведомости“.

Руската компанија за евтини летови „Доброљот“, со која управува државниот „Аерофлот“, мораше да ги суспендира сите летови минатата седмица поради откажување на нејзините договори за изнајмување авиони.

Санкциите се воведени на оваа компанија бидејќи извршувала летови до Крим, полуостров кој Русија го припои во март, по референдумот за отцепување од Украина.

Во тек се расправи меѓу руските министерства за надворешни работи и за сообраќај за можни рестрикции за летови над руска територија.

Забраната би опфатила не само европски превозници како „Луфтханза“, „Бритиш ервејс“ и „Ер Франс“, туку би ги погодила и „Аерофлот“, кој наплатува такси за прелети на авиони на овие фирми, пишува „Ведомости“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...