Ода за руските грди и сиромашни предградија

Секој Русин има спомени од предградијата, а моите се исто искрени. Живеев во предградие во југоисточен Санкт Петербург од мојата петта, па се до десеттата година. Се сеќавам дека гледав низ прозорецот од кујната – од 12-иот кат на кулата со жолти цигли – и гледав во четвртестиот тревник испресечен со дијагонални патеки до две сосема идентични кули десно и лево.

Понекогаш буре на тркала ќе дојдеше за да точи млеко или квас и како на федери мали луѓе во мали сакоа правеа редици. Имаше рид по кој се лизгавме на зима, а подоцна дознав дека тој бил направен од отпад кога овој оддалечен дел од градот бил само пустелија и депонија. Зад тревникот имаше редици лимени гаражи, а зад гаражите имаше правливо небо испресечено со жици. Пред неколку години направија голем автопат кој се надвисна над гаражите, и сега го поврзува крајниот крај на моето детство со некој друг крај.

Исто така, како возрасен во моите патувања неколку пати престојував во предградија во Москва. На лето, на Југозападнаја, каде облакодерите се издигнуваат над дрвјата како напуштените португалски цркви во Гоа, урбани џунгли под бесконечниот тропски дожд. Потоа на зима, во Петровско-Разумсковскаја, неподносливиот розев агол од универзумот, каде од метрото морав 15 минути да се возам во смрзнувачки тролејбус и помнував покрај фабрика.

Еднаш се вратив од забава околу 7 изутрина, а мојот домаќин спиеше и минав 40 минути изгубен во празната смрзната недојдија барајќи ја вистинската врата; сите врати од становите беа сосема идентични, исто како и становите.

Руските предградија се организирани според воспоставена матрица. Има училиште, неколку мали продавници, улички со огромни дупки, безнадежни млади дрва и стари седи жени домаќинки кои седат покрај скалите во стаклена соба полна со саксии со растенија, беспомошни да спречат излив на насилство, кражби и дрогирање по скалите.

Поголемите згради се како фрактали, простор создаден од свртени огледала. Зградата број 8 е сосема иста како и зградата број 14, а тамошните млади жители можеби имаат и иста преокупација: еден ден да се сместат во иста ќелија во една од овие плански изградени згради околу нив. Може ли креативноста да произлезе од место како ова? Во современа Русија, и тоа е можно.

Новата генерација фотографи беа првите кои ги прифатија предградијата со широко отворени очи. За целосно да се објасни каква сила е потребна за да будете визулено свесна личност и важно е да прифатите колку се грди предградијата. Не грдо убави, како брутални згради, туку грди во најбуквална смисла. Зградите се непропорционални, а материјалите од кои се изградени се евтини. Таблите за ознака на продавниците изгледаат како панкерски начкртан знаци и секогаш задолжително неизбежно има софа или машина за перење фрлена во малиот парк, да не ги спомнуваме отпушоците од цигари и расфрланите празните конзерви и пластични кеси – сите детали кои не му користат на било кој фотограф.

Сепак, современите фотографи одбираат да ја прифатат околината каква што е, со сите нејзини валкани несовршености. Нивната работа е варијација на теми. Тоа може да биде  студија за урбаната средина со помош на пасторална композиција од 18-иот век, како што се фотографиите на Александар Гронски. Можат да бидат комплетен портрет на областа: интимен од Јегор Рогалев, архитектурен од Алексеј Боголепов или надреален од Александар Бондар. Можат да бидат дел од амбицизоен проект за мапирање и истражување на незабележаната Русија, како тие на Макс Шер. Наметнувањето на прикторалната грдотија и здодевноста е награда: сликата која е резултат е фатен момент како Русија вистински изгледа и како изгледала сите овие години незабележана.

Во последниве години, руските предградија достигнаа меѓународна слава како позадина за новата андерграунд модна сцена. Меѓународно познатата машка облека дизајнирана од Гоша Рубчински беше првиот водич во овој суров и дивјачки свет и регрутираше момчиња од улица - младата постсоветска генерација - како модели. На светот надвор од Русија тој му го претстави светот во кој живее - грди облакодери, опасни улици, ќилими по ѕидовите, спортски сали кои ечат, и го впи суровиот подземен дух на филмскиот режисер Лери Кларк и првите изданија на британските бунтовнички библии, „Фејс“ и „Ај-Ди“.

Рубчински беше инспирација за некои негови наследници: независните брендови „Форгет ми нот“ и „Стандард девиејшн“ го избраа чудно убавиот паралелен свет на предградијата за претставување на нивните минималистички авантгардни модели. Изборот беше сурова спортивност на гламурот на блесквата Москва, но исто така сосема едноставно беше местото каде тие всушност и живеат. Маша Демианова, фотограф која активно ја користи кинематографската нарација и патот на жените во руската модна слика, си најде неочекувана инспирација во московското предградие Зјабликово откако се врати од Њујорк, затоа што за неа тоа беше сосема неистражена територија.

Но, за младите генерации воведувањето на предградието во нивната креативна пракса е исто така начин да прифатат самите кои се. Добар пример за тоа е проектот на режисерката Авдотја Александрова, „Холодно“. Брендот произведува само едно парче облека, џемпер со испишан збор „холодно“ (студено). На една фотографија прекрасни млади луѓе стојат на балкон со бели облакодери зад нив. Тоа е начин да се каже: „Да, студено е во Русија, и да, ние сме Руси иако самите не избравте да бидеме тоа и токму тука припаѓаме“. Не на националистички начин, туку да се каже дека не само најсиромашните и најбезнадежните доаѓаат од предградијата. Сите доаѓаме од таму.

Можеби има една важна поента која ми се промолкна. За разлика од предградијата во Скандинавија, кои се сместени во соврешена стилизираност или семејниот субурбан универзум на Британија, руските предградија се повеќе како предградијата на Париз – не би сакале да се најдете таму по залезот на Сонцето. Овие области се сурови и непријатни, полни со мали зелени зони и огромни површини кои навечер се целосно темни и каде со сигурност некој бил барем еднаш прободен или силуван. Најлојалниот жител на предградијата и нејзин некрунисан крал е „гопник“, руски еквивалент на британската „бараба“. Гопникот е облечен во тренерки и може да се најде како виси во локалните продавници со конзерва јагуар (алкохолен енергетски пијалак) и расфрлани лушпи од семки од сончоглед насекаде околу него. Тој е конзервативен, агресивен, хомофобичен, националист и расист. Тој е оној кој фрла лубеници на уличните нереди од пазарот во Бирјулово, кој наводно е воден од нелегални емигранти од југот. Тој не ги сака луѓето кои изгледаат поинаку и најверојатно нема да ве сака ниту вас.

Гопникот е клучен лик во делата на младиот уметник Петр Давидченко. Тој во неговите перформанси ги истражува матриците во однесувањето на изгубената руска младина во кои досега имаше пиење цело шише вотка додека пали предмети и ја брчи главата на доброволец додека носи „баклава“ (маскирна капа) со препознатливите три линии на „Адидас“. Давидченко пораснал во Арзамас, мал град во срцето на европска Русија, но како тинејџер се преселил во Стокхолм.

- Растев во Русија и одблиску ја примив поткултурата на гопник, ми рече. - Со цел да се справам со субјектот, адаптирам и трансформирам некои од гопник ритуалите и навики, ставајќи се себеси во контекст кој ме поведува.

Интересот на Давидченко за насилствата, палењата и екстремностите е потсетување на францускиот уметник Сиприен Гајлард, кој користи снимки од тепачки во московско предградие во своите дела. Но, колку што е делото на Гајлард е од надвор, Давидченко пристапува од внатре.

Се поголемото присуство на руските предградија во современата култура, посебно во визуелната, покажува дека новата генерација на креативци бараат нова инспирација. Опкружени од секојдневните лаги од медиумите, тие би сакале да ја кажат вистината за самите себе. Можете да не извадите од предградијата, но не можете да го извадите предградието од нас. Ние, исто како и нашите врсници од Њујорк, носиме тренерки, но делумно за да го придушиме стравот од гопникот.

Предградијата се најдобар одраз на рускиот живот – неугледни и бесмислени, грди и насилни, загадени со метален и пластичен отпад, но исто така и полни со меланхолична убавина за време на зрачењето од хемиско розевото зајдисонце. Ова е нашата грда, сиромашна и залудна Аркадија, невозможно да се пронајде и невозможно да се напушти.

Москоу тајмс - Москва



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...