Полска ќе ја избегне руската забрана за увоз преку Белорусија


Прага, 20 август 2014 (МИА)- Полските производители на јаболка ќе успеат да ја избегнат руската забрана за увоз на производи од земјите на Европската унија и понатаму ќе извезуваат на рускиот пазар, пишуваат чешките медиуми.

Повикувајќи се на полски извори, медиумите информираат дека на многу важниот руски пазар, каде Варшава учествува со 5,3 проценти од вкупниот извоз, јаболката ќе се пренесуваат преку Белорусија, јави дописникот на МИА од Прага.

- Камионите со полски јаболка за руските супермаркети ќе дојдат од Белорусија,  каде јаболката ќе бидат префрлени во необележани контејнери и за два -три дена ќе бидат во продавницата во Санкт Петербург или во Москва, тврди Томаш Молга од полскиот интернет портал ,,Темат".

Според Дамиан Вергцин од компанијата „Томрол" која со години се занимава со извоз, белорускиот канал работи сосема легално.

Официјално, Белорусија тврди дека нема да дозволи чист реекспорт на западни производи во Русија, но неофицијално експертите се повикуваат на изјавата на белорускиот претседател Александр Лукашенко кој изјави дека руското ембарго е ,,нивен проблем".

Според Лукашенко, Белорусија може да увезува производи кои понатаму ќе ги преработува од каде сака, сепак предупредувајќи ,,дека треба да се води сметка тоа да не ги налути Русите и да не биде во спротивност со нивната политика".

Во пракса, ова може да значи дека во случај на подолго траење на ембаргото, Белорусија миже да стане преработувач и реекспортер.

На пример, при увоз на американските кокошки, ќе ги исече на парчиња или на друг начин ќе ги обработи и обележани како белоруски ќе бидат извезувани на рускиот пазар.
Сепак, останува отворено прашањето дали тоа ќе биде прифатливо за Русија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...