Франција му доставила оружје на „демократскиот сириски бунт“

Париз, 20 август 2014 (МИА) - Во интервјуто за утрешното издание на париски „Ле Монд“, францускиот претседател Франсоа Оланд за првпат потврдува официјално дека Франција му доставила оружје на „демократскиот сириски бунт“, јавува дописникот на МИА од Париз.

Според францускиот претседател станува збор за „материјал кој е во согласност со европските ангажирања“, односно дека оружјето што Франција го доставила во Сирија е од иста природа како тоа што им било доставено на Курдите во Ирак.

 Според француските медиуми на ирачките курди Франција им доставила тешки митралези.

„Меѓународната заедница сноси голема одговорност за она што се случува во Сирија. Ако пред една година имаше реакција на големите сили на висината на користењето на хемиско оружје, ние немаше да се најдеме наспроти страшниот избор меѓу еден диктатор и една терористичка група, додека бунтовниците ја заслужуваа целата наша подршка“, објаснува Франсоа Оланд.

Шефот на француската држава понатаму во опширното интервју најавува дека во септември ќе предложи иницијатива за безбедноста на Ирак и за борба против Исламската држава.

- Ние треба да предвидиме една глобална стратегија против групата која се структуира, која располага со значајни финансиски средства и со современо оружје, и која им се заканува на земји како Ирак, Сирија или Либан, додава тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...