во Велика Британија

Потрага по џихадистот егзекутор на новинарот Фоли

Лондон, 21 август 2014 (МИА) -  Британската полиција и безбедносните агенции покренаа потрага за да го откријат идентитетот на британскиот џихадист кој учествуваше во егзекуцијата на заробениот американски новинар Џејмс Фоли.

Милитантната сунитска милитантна група Исламска држава, објави видео снимка од моментите пред да биде убиен Фоли, кому џихадистите му ја отсекоа главата,како предупредување до САД, затоа што американската авијација ги бомбардира позициите на џихадистите во Северен Ирак.

Неидентификувани извори,за британските медиуми изјавиле дека најверојатно станува збор за човек кој зборува англиски јазик, во акцент, па се верува дека тој потекнува и живее во Лондон или во Југоисточна Англија.

Премиерот Дејвид Камерон кој по враќањето од Португалија, каде беше на летување, кое го прекина поради најновата ирачка криза,вчера се врати во Лондон, од Корнвол каде се одмара со семејството, за да присуствува на специјалниот состанок со безбедносните агенции и безбедносни ескперти, што се одржа во Даунинг стрит 10.

Камерон претходно изјави дека „многу е веројатно“ оти човекот кој е вмешан во јавното погубување на американскиот новинар, е Британец.

Британски безбедносни експерти веруваат дека овој човек,по се изгледа заминал преку Турција во Сирија, пред три години.

Според него, британските џихадисти обично се чувари на заробеници и на лица киднапирани од исламистите од ИД.

Полицијата во Лондон проценува дека повеќе од 500 британски муслимани заминале за да војуваат во Сирија со сунитските исламисти, за да се собори од власт шиитскиот сириски претседател Башар ал Асад. Досега, 69 лица се уапсени по нивното враќање во Велика Британија.

Американецот Џејмс Фоли (40) беше киднапиран во Сирија во 2012 година. Освен него, ИД тврди дека има уште западни заробеници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...