ЕУ најавува нови санкции за Русија

Министрите за надворешни работи од Европската унија најавија, воочи денешниот состанок во Брисел, дека го отвориле патот за нови санкции кон Русија, поради „инвезијата на соедот Украина“.

Претседателот на Комитетот за надворешни работи на европарламентот Елмар Брок истакна дека сите министри виделе ото сите преговори, состаноци и контакт групи немаат успех, бидејќи Путин ги користи како алиби за да добие на време.

- Единствена работа која може да се направи во кус рок е Европскиот совет да одлучи да ги зајакне санкциите, на пример за целиот финансиски сектор. Мислам дека лидерите на ЕУ ќе одлучат Комисијата да направи јасни предлози во тој правец, истакна Брок.

- Мораме да бидеме свесни за она со што се соочуваме - сега сме насред втора руска инвезија на Украина во рок од една година, оцени шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт, алудирајќи на мартовската анексија на Крим.

Билт потенцираше дека на Русија мора да и се упати јасна порака дека нејзините упади на територијата на соседната земја се неприфатливи.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајмајер изјави дека ситуацијата во Источна Украина полека „излегува од контрола“. Зборувајќи во Милано, шефот на германската дипломатија предупреди дека сега е потребно да се „зауздаат работите“ за да се спречи директната украинско-руска конфронтација.

Овие изјави доаѓаат во време кога земјите од ЕУ започна консултации за воведување на нови санкции за Русија откако властите во Киев и НАТО ја обвинија Москва дека руските војници навлегле во делови од Источна Украина за да им помогнат на проруските бунтовници.

Официјална Москва ги отфрла таквите обвинувања и ја обвинува украинската влада за продолжување на кризата на истокот од земјата затоа што наместо отворање дијалог со бунтовниците, Киев настојува да обезеди воена победа, жртвувајќи ги животите на голем број цивили од Доњецк и Луганск.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера остро ја нападна Украина, споредувајќи ги акциите на нејзината војска во источните делови на земјата, со постапките и однесувањето на нацистичка Германија против Советскиот Сојуз во текот на Втората светска војна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...