Фрид: Санкциите против Русија, имаат смисла и резултати

Прага, 18 септември 2014 (МИА)- Американските и санкциите на Европската унија (ЕУ) против Русија, воведени поради рускиот удел на украинската криза, имаат смисла и резултати, изјави за време на телефонската конференција со новинарите во Чешка, Даниел Фрид кој во американската администрација е задолжен за координирање на санкциите.

Фрид, исто така, оцени дека руската постапка кон Украина е закана за глобалниот и европскиот свет, што според него е резултат на студената војна, јави дописникот на МИА од Прагс. Како причина, зошто е потребно да се дејствува, го наведе растурањето на Чехословачка во 1938 година, од нацистичка Германија и окупацијата на земјата од страна на Варшавскиот пакт предводен од страна на Советскиот Сојуз во 1968 година.

- Санкциите не се политика. Санкциите се алатка со која може да се поддржува политиката, рече Фрид. САД и ЕУ, според него се стремат за поддршка на украинскиот суверенитет, територијалниот интегритет и на правото на Украина да ја избере слободно својата европска иднина.

- Санкциите помагаат да се направи притисок врз Русија. Нема сомнение дека санкциите имаат влијание врз руската економија, истакна Фрид, наведувајќи како пример дека во февруари, проценката на растот на руската економија бил два проценти, а сега е 0,2 проценти. Целта на сегашната американска и европска политика, според него е да се постигне ситуација, каде што агресијата како во 1938 или 1968 нема да биде овозможена во Европа, да не може да се повтори таква ситуација и да има место за сите демократски земји, вклучувајќи ја и Русија.

Претставникот на американската администрација подвлече дека Вашингтон и Брисел поддржуваат политичко решение и веруваат во него и се подготвени да ги олеснат санкциите, но доколку за тоа постои видлива причина, односно Русија да и признае право на Украина да ослучува сама за својата судбина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...