Лондон ќе и даде поширока автономија на Шкотска

Лондон, 22 септември 2014 (МИА) - Британската Влада го отфрли тврдењето на лидерот на Шкотската национална партија (СНП) и шкотскиот прв министер Алекс Салмонд дека трите водечки британски партии нема да се придружуваат до ветувањата за проширување на овластувањата на Шкотска, истакнувајќи дека тие јасно се „обврзале“ на тоа и дека Владата поставила „прецизен распоред“.

Салмонд во изјава за британскиот јавен сервис Би-Би-Си изјави дека лидерите на трите главни британски партии - на владејачката Конзервативна партија на Дејвид Камерон, Лабуростичката на Ед Милбанд и Либерално-демократска на Ник Клег, ги измамиле гласачите во очи рефендумот на независноста ма Шкотска.

- Оние кои гласаа против можат да бидат гневни затоа што со самото заокружување „не“ се „заведени“ и „измамени“, изјави шкотскиот прв министер, кој по објавувањата на резултатите од референдумот најави дека ќе поднесе оставка во ноември.

На историскиот референдум во Шкотска во четвртокот повеќе од 55 проценти гласаа против независност на покраината. Трите водечки британски партии ја подржуваа кампањата против независноста.

Неколку часа по објавувањето на резултатите од референдумот, Камерон најави дека пошироката автономија за Шкотска, требала, би требало да биде проследена и со пошироката автономијата за Англија, нагласувајќи дека секој договор по референдумот треба да биде фер и траен.

Камерон најави дека планот за предавање на новите поголеми овластувања на Единбург го подготвил членот на британскиот Парламент и поранешен премиер, Шкотланѓанецот Гордон Браун, додавајќи дека предлог-законот за проширување на автономијата ќе биде готов до јануари.

Според Би-Би-Си, усвојувањето на законот ќе биде одложено за по изборите во мај 2015 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...