Руски воени планови против Шведска

Гетеборг, 22 септември 2014 (МИА) - Русија спроведува подготовки за војна и врши закани за вооружено насилство против Шведска, тврди шведската Служба за државна безбедност (СЕПО), јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Истовремено со ваквите предупредувања од страна на СЕПО, министерката за одбрана Карин Енстром вели дека е прекината секаква воена соработка со Русија и дека реформите во шведската одбрана мора да бидат забрзани.

- Зачестените симулирани инциденти на воздушни напади против Шведска со руски воени бомбардери-ловци, се најјасниот пример за руските воени подготовки, тврди шефот за аналитика при СЕПО, Вилхелм Унге.

Станува збор за сознанија кои укажуваат на засилена руска разузнавачка дејност врз основа на случувањата во Украина и на Крим.

- Еден дел од тоа го толкуваме како подготовки за воени дејствија против Шведска, вели Вилхелм Унге за „Свенска дагбладет“.

Конкретно, според СЕПО, се одвиваат разни конспиративни методи од руска страна. На пример, обиди да се врбуваат лица за шпијунажа, електронски напади на шведскиот ИТ-систем или обиди за пробив во шведските одбранбени инсталации и капацитети.

Освен тоа, Русите имаат купено голем број карти на специјално чувствителни подрачја во Шведска.

Одбранбенета соработка на Шведска со Русија сега е суспендирана, а министерката за одбрана Енестром потенцира дека Русија ги менува границите во Европа со сила. Тоа го зголемува ризикот од регионален конфликт во опкружувањето на Шведска.

Според министерката за одбрна, на Шведска и се потребни поголем број воени ловци од типот Грипен, зајакнување на противвоздушната одбрана и зголемување на бројот на подморници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...