Кафка на Црно Море

Никого не изненади тоа што првите избори на Крим, откако Русија го анектираше полуостровот минатата пролет, ги доби „Едина Русија“, партијата на Владимир Путин. Официјалните резултати покажуваат стабилна избирачка активност од 60 проценти, иако таа зачудувачки брзо скокна од 45 проценти на само два часа пред затварањето на избирачките места (на гласањето немаше странски набљудувачи). Во деновите пред изборите, на полуостровот доминираше посткомунистичка носталгија, облепена со агитациски плакати на Комунистичката партија за социјална праведност, со фотографии од Леонид Брежњев, покојниот советски лидер, преку кои се објавуваше подршката за „владеење на народот“. Кој би претпоставил дека како млад Брежњев, кој е познат по густите и накострешени веѓи, го копирал стилот на Марчело Мастројани во филмот „Ла долче вита“?

Впрочем, секојдневниот живот на Крим е далеку од идејата за „сладок живот“. Регионот сеуште зависи од Украина за достава на основните продукти и услуги, кои беа прекинати заради воените дејствија во Источна Украина. Каналот кој претходно носеше вода од реката Дњепар, пресуши. Осумдесет проценти од струјата на Крим доаѓа од Украина, која го ограничи електроснабдувањето затоа што и самата се бори со тешкотии со струјата, по сопирањето на рускиот гас. Повеќето прехранбени и скоро сите пазарни стоки исто доаѓаат од Украина, цените сконаа откако на 1 јуни локалната валута премина од гривна во рубља. Цената на водката тројно скокна. Пензиите, платите на лекарите и администрацијата пораснаа, но за другите куповната моќ опадна.

Можеби највознемирувачко на тоа црноморско летувалиште е дека летната сезона беше катастрофална. Западните санкции ги сопреа бродовите кои крстарат и кои редовно ја посетуваа Јалта. „Официјалната статистика нема да го покаже тоа, но наместо шест милиони посетители колку што имаше минатата година, оваа година ќе бидат едвај еден милион“, смета еден работник во туроператорска фирма.

За некои од административните проблеми на Крим може да биде виновно брзото заземање кое го направи Кремљ. На локалните жители им беше даден само еден месец да се откажат од руското граѓанство, но со хаосот пред шалтерите во тоа успеаја едвај 3,500. Поради недостигот од доволно отпечатени празни пасоши, Русија издаде многу нови документи за идентификација, кодирани со броеви од други делови на Руската федерација, наместо со новиот код „82“, кој му беше доделен на Крим. Барателите на документи со грешен код сега се враќани кога се обидуваат да земат заем од банките.

Ниту пак има многу банки каде можат да се обратат. Странските банки, па дури и големите руски банки се повлекоа од Крим, за да не потпаднат под западните санкции. Украинските банки си заминаа дозволувајќи им на граѓаните да повлечат само дел од заштедите и „привремено“ им ги блокираа кредитните картички и онлајн услуги. Возачите треба да си ги сменат регистарските таблички на автомобилите од украински на руски. Во спротивен случај ќе им бидат нелегални на Крим. Но ако возат кон Украина, автомобилите ќе им бидат конфискувани, затоа што броевите на шасијата и регистарските` броеви повеќе не се совпаѓаат.

Адвокатите брзаат да ги научат руските закони, но ниту еден лиценциран нотар од Крим не е признат од Украина. Со оглед на тоа што катастарот остана во Украина, имотните зделки се сопрени. Во најдобар случај тие се извршуваат условно или „на поверење“, како што велат локалните жители: украинскиот продавач ги зема парите и му остава на (обичниот руски) купувач да се расправа со документите.

Тешко е дури и испраќањето на документи по пошта: Украина не прима пошта од новата кримска поштенска служба. На некои клиенти им кажале дека можат да праќаат пошта само до државите кои признаваат дека Крим е руски, тосет до Северна Кореја, Куба, Зимбабве, Венецуела, Белорусија, и до неколку други. Во краен случај, пошта пратена до западни земји по се изгледа пристигнува, но за тоа треба доста време. Курирската служба меѓу Украина и Крим беше затворена во текот на август, заради хаотичните царински проблеми. Всушност, најдобриот начин да испратиш пошта до Украина е да отидеш на железничката станица, да му дадеш плико на машиновозачот, и да им се јавиш на примателите во Украина и да им кажеш дека возот наскоро ќе пристигне.

Тоа се разбира претпочита исправна и функционална мобилна телефонска мрежа. Неколку оператори сеуште функционираат и со  сим картичките од Украина можат да бидат користени на Крим без да се плаќа роаминг. Но купувањето на кредит повторно ве потсетува на хибридниот статус на Крим: внесете банкнота од 100 рубљи во автомат за купување на кредит за телефон и ќе добиете кратко соопштение дека сте платиле 24 гривни. Некои велат дека ако продолжите да гледате во екранот на „автоматот“, ќе го видите лицето на Франц Кафка зад стаклото. А можеби и некое друго лице – ќелаво со челично сини очи.

Економист - Лондон



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...