Писмо на Барозо до Путин

Се надевам дека зимава ќе тече рускиот гас кон Украина и ЕУ

Брисел, 1 октомври 2014 (МИА) - Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо денеска испрати писмо до првиот човек на Русија Владимир Путин, во коe бара од него гаранција дека рускиот гас непрекинато ќе тече кон Украина и кон земјите од Европската унија во текот на зимскиoт период.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, одговарајќи на писмото од Путин испратено на 17-ти септември, Барозо на почетокот на своето писмо го поздравува конструктивниот ангажман од сите страни во трилатералната министерска средба за спроведување на Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Украина, вклучувајќи длабока и сеопфатна слободна трговска област на 12-ти септември.

- Заклучоците на тој состанок беа одобрени од страна на сите учесници и утврдени во заедничката министерска изјава. Од страна на ЕУ, ги информиравме нашите земји-членки за исходот на трилатералниот процес, а сега имаме добиено одобрување од нивна страна за неопходните законодавни чекори - посочува Барозо.

Челникот на Европската комисија во писмото до првиот човек на Руската Федерација истакнува и дека предлогот за одложување на привремена примена на Договорот за длабока и сеопфатна слободна трговија е поврзан со продолжување на повластениот режим од Договорот за слободна трговија на Заедницата на независни држави (ЗНД). Во тој контекст, Барозо вели дека во ЕУ постои силна загриженост во врска со неодамнешното усвојување на декрет од страна на руската влада, со кој се предлагаат нови трговски бариери меѓу Русија и Украина. “Сметаме дека примената на оваа уредба ќе ги прекрши договорените заеднички заклучоци и одлуката за одложување на привремена примена на поврзана со трговијата како дел од Спогодбата за асоцијација”, му вели Барозо на Путин во писмото.

Претседателот во заминување на неформалната Влада на ЕУ, му пишува на рускиот претседател дека заедничката министерска изјава, исто така, предвидува понатамошни консултации за тоа како да се справат со загриженоста на Русија во однос на некои прашања. Тој вели дека Унијата е подготвена да продолжи со ангажирање за тоа како да се справи со пореалните негативни влијанија врз руската економија што произлегуваат од спроведувањето на Договорот за длабока и сеопфатна слободна трговија.

- Ја користам оваа можност да нагласам дека Спогодбата за асоцијација останува билатерален договор и дека, во согласност со меѓународното право, сите адаптации на истата само може да се направат на барање на една од страните и со согласност на другиот, според механизмите предвидени во текстот и соодветните интерни процедури на странките. Би сакал да Ве потсетам дека заедничките заклучоците на министерскиот состанок јасно укажуваат дека сите овие чекори се дел на сеопфатен мировен процес во Украина, со почитување на територијалниот интегритет на Украина, како и правото земјата да одлучува за својата судбина - ќе наведе Барозо во писмото.

Првиот човек на Еврокомисијата, додава дека Брисел останува целосно посветен да придонесе за мирно решение и дека во овој поглед се надева дека неодамнешните позитивни чекори отелотворени во протоколот од Минск од 5-ти септември и Меморандумот од 19-ти септември ќе биде целосно имплементиран, вклучително и следење на украинско-руската државна граница и верификацијата од страна на ОБСЕ со повлекување на сите странски вооружени формации и воена опрема од украинската територија.

- Ние, исто така, очекуваме дека може да се постигне брз и одлучувачки напредок во трилатералните разговори за испораката на гас и да се најде заемно прифатливо, привремено решение за претстојниот зимски период, врз основа на елементите за компромис утврдени од страна на Европската комисија. Тоа е клучот дека продолжувањето на енергетскиот дотур за граѓаните на Украина ќе биде обезбеден и дека ќе се исполнат сите договорни обврски со клиентите во ЕУ - завршува Барозо во писмото до Путин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...