Парламентот на Каталонија ја избра изборната комисија за референдумот за независност

Барселона, 1 октомври 2014 (МИА) - Парламентот на Каталонија направи нов чекор кон организирање на референдумот за независност на оваа шпанска област, што, според Мадрид, е противуставен, пренесоа француските медиуми.

Каталонските парламентарци, со 86 гласа „за“ и 48 воздржани, го утврдија составот на изборната комисија за референдумот . Со тоа тие ја заобиколија завчерашната одлука на Уставниот суд за суспендирање на дејствието на регионалните указ и закон за организирање на ова општограѓанско изјаснување, додека тие повторно, по пет месеци, не бидат разгледани од судот.

Оваа одлука на Уставниот суд сите акти за подготовка на референдумот ги прави незаконски, сметаат неговите опоненти, кои денеска им дадоа гласен израз на своите позиции во регионалниот Парламент.

-Парламентот не може да гласа за оваа точка. Тоа е непочитување на одлуката на Уставниот суд, изјави пратеникот од владеачката конзервативна Народна партија Енрик Мило, кој се закани со поведување постапка пред Обвинителството.

-Нема да направиме никакво прекршување на законот, возврати Жорди Турол, портпарол на коалицијата на каталонскиот претседател Артур Мас. Тој се изјасни против граѓанската непослушност, на која повикуваат некои сепаратисти.

Изборната комисија всушност се уште официјално не функционира, бидејќи за нејзиното формирање е потребен указ, што Мас уште го нема потпишано. Тоа, според неговото опкружување, му дозволува да остане во рамки на законот.

Оваа богата североисточна шпанска област, со население од 7,5 милиони жители, со години наназад е во конфликт со централните власти во Мадрид, кои и го негираат правото еднострано да се произнесе за својата иднина.

Во саботата, каталонскиот претседател Артур Мас ја заостри конфронтацијата со Мадрид, потпишувајќи го указот за организирање референдум за независност. Веќе во понеделникот шпанската конзервативна Влада се пожали пред Уставниот суд со аргументот дека указот е незаконски. Мас, пак, вети дека ќе се бори во судот против суспендирањето на указот, а во меѓувреме објави дека повторно ја преправа официјалната кампања за референдумот во Каталонија за да не биде во спротивност со Уставот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...