Папата ги повика ватиканските дипломати на советување

Ватикан, 2 октомври 2014 (МИА) - Папата Франциско денеска ги свика на вонредно советување високите претставници на Римската курија и дипломати низ светот, кои следните три дена ќе ја разгледуваат ситуацијата на Блискиот Исток и иницијативите на Ватикан за помош на населението во регионот.

Римската курија е управувачкиот апарат на Светата столица и главниот орган, преку кој папата раководи со Католичката црка и Ватикан.

На советувањето учествува државниот секретар (функција идентична на премиер во секуларни држави) кардиналот Пјетро Паролин, неговиот заменик, монсињор Анџело Бечу и секретарот за односи со државите (идентично на министер за надворешни работи) монсињор Доменик Мамберти, како и префектите на двете конгрегации и претседателите на пет папски совети. Повикани се, исто така, и папските нунции (амбасадори) во Египет, Ерусалим (ополномоштен за Израел и Палестина), Иран, Јордан (со полномоштво за Ирак), Либан, Сирија и Турција, како и постојаните претставници на Ватикан во ОН и во Европската унија.

Во август папата Франциско за свој личен пратеник во Ирачки Курдистан го назначи префектот на Конгрегацијата за доктрина на вера кардиналот Фернандо Фелони со мисија непосредно да ја следи судбината на бегалците, протерани од џихадистите од Исламска држава. Тогаш папата го упати и повикот, што на кратко, е синтеза на неговата позиција: „Не се мрази и не се води војна во името на Бога!“.

Ова советување на највисо ниво во Ватикан, посветено на кризата на Блискиот исток, ќе заврши во сабота.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...