Русија е заинтересирана за стабилизација на Украина

Москва, 2 октомври 2014 (МИА) - Русија е заинтересирана за стабилна Украина и се надева дека украинските парламентарни избори ќе придонесат за нејзиното обновување, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

- Се надевам дека украинските парламентарни избори ќе бидат чесни и фер, така што во Украина на крајот ќе настапи долгоочекуваната политичка стабилност, изјави Путин.

Според Путин, како што јави ДПА, Русија сака да и помогне на Украина во завршување на кризата, затоа што Москва е заинтересирана да има предвидлив партнер и сосед.

Путин притоа уверува дека за Русија Украинците секогаш ќе бидат братски народ.

Тој изрази надеж дека ќе дојде до стабилизирање на ситуацијата во Украина, во време кога инфромациите од теренот говорат за нови тешки судири што се водат во источниот украински град Доњецк.

Таму и покрај примирјето, што стапи во сила на 5 септември, украинските сили и сепаратистите се борат за контрола врз аеродромот. Проруските сепаратисти се обидуваат да го преземат објектот, но засега украинските војници успеваат да ги одбијат нападите, посочи украинскиот армиски портпарол Андриј Лисенко. Тој додаде дека и двата терминала на аеродромот се под контрола на украинските војници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...