Таинствената подморница крај Шведска е холандска, тврди руски извор

Москва, 20 октомври 2014 (МИА) - Таинствената подморница забележана покрај бреговите на Стокхолм, по која шведската армија трага во Балтичкото Море е холандска, тврди извор од руското Министерство за одбрана.

- Им препорачуваме на шведските власти да побараат информации од командата на Воената морнарица на Холандија, истакна изворот во момент кога шведските медиуми објавуваат дека подморницата е можеби руска.

- Тоа е холандска подморница со дизел-електричен погон Брјуинвис, која минатата недела учествуваше во вежби во близина на Стокхолм, посочи изворот од руското Министерство за одбрана. 

Тој додаде дека подморницата во петокот влегла во пристаништето во Талин, а веројатно денеска ќе се упати кон Холандија.

Во операцијата на шведската армија за пронаоѓање на подморницата учествуваат 200 лица, хеликоптери, воени бродови и миноловци. Тие ја пребараа зоната во Балтичкото Море со површина од 50 километри, откако добија информација за странска подморница покрај Стокхолм.

Шведскиот весник Свенска дагбладет“ вчера објави дека според најновите сознанија Русија стои зад подводните дејности во шведските територијални води во подрачјето на архипелагот кај Стокхолм.

Шведското разнување во четвртокот регистрирало повик за помош на руски јазик. Во петокот вечерта сигналното разузнавање на шведските вооружени сили повторно следело радиосообраќај, овојпат криптиран, но едно време е утврдено каде се наоѓале предавателите. Едниот предавател се наоѓал во близина на заливот Канхолм, додека другиот бил лоциран во руската енклава Калининград, пишува „Свенска дагбладет“, укажувајќи дека овие податоци се потврдени од повеќе инстанци.

Доколку во шведските води навистина се движи оштетена руска подморница, тогаш првенствена цел за Русија е да се погрижи никој да не ја открие, коментира весникот.

- Исходот би можел да биде таков што екипажот би бил оставен и жртвуван на смрт во подморницата или пак би им било дозволено да излезат на копно, вели Тоамс Реис, од шведската Висока одбранбена школа.

Реис исто така истакна дека податоците за оштетената руска подморница може да се сметаат за веродостојни и покрај тоа што Врховната команда на шведските вооружени сили не сака ниту да ги потврди ниту да ги демантира.

Во меѓувреме вчера руското Министерство за одбрана ги демантираше ивештаите на западните медиуми за инцидентот со руската подморница. 

- Подморниците од Воено-поморската флота на Русија, како и бродовите, ги извршуваат планираните задачи во меѓународните води, изјави портпаролот на Министерството. - Немало никакви ситуации, надвор од планираното, ниту ситуации со хаварисани руски воени бродови, додаде тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...