Русија сака продолжување на разговорите за Сирија

Москва, 21 октомври 2014 (МИА) - Москва ќе направи се што е во нејзина моќ да поддржи продолжување на разговорите за Сирија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

- Ние се залагаме за разговори за едно од клучните прашања. Денес има многу проблеми како што е интензивирање на тероризмот на Блискиот исток и кој ги надминува границите на регионот, наведе тој за време на разговорите со специјалниот пратеник на ОН за Сирија Стефан де Мистура.

- Го поздравуваме вашето именување за таа функција како искусен дипломат. Одамна апелиравме да се обноват настојувањата кризата да се реши по политички пат, додаде тој.

Лавров вели дека бил заинтересиран да ги слушне оценките на Де Мистура за посетата на регионот, а особено на Дамаск.

- Ќе направиме се што е во наша моќ да поддржиме настојување да се обнови политичкиот процес во кој ќе се земе предвид искуството од минатото и грешките, заклучу шефот на руската дипломатија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...