Зголемени стравувањата на Чесите од Русија

Прага, 24 октомври 2014 (МИА) - Во врска со ситуацијата во Украина, значително се зголеми бројот на Чесите кои веруваат дека Русија е опасност за демократијата во земјата, како и за иднината воопшто, покажува најновото истражување на агенцијата СТЕМ.

За 65 проценти од испитаниците, Русија е закана за иднината, додека минатата година слична загриженост покажаа само 36 проценти од Чесите.

Меѓу левоориентираните граѓани, од Русија се плашат 58 проценти, 64 отсто од оние со центристичка политичка ориентација и дури 74 проценти од десничарско ориентирани граѓани, се вели во анкетата.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, според 80 проценти од анкетираните, украинскиот конфликт го загрозува мирот во Европа.

Мнозинството (71 проценти) се согласува со ставот на чешката дипломатија која поддржува зачувување на интегритетот на Украина.

Анкетата покажува дека граѓаните во Чешка не веруваат оти санкциите на ЕУ ќе придонесат за ставање крај на конфликтот.

Напротив, тие се плашат дека санкциите за казнување на Русија ќе им наштетат на земјоделците во земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...