Воен арсенал пронајден во куќа

Женева, 30 октомври 2014 (МИА) - Швајцарската полиција во куќата на еден пензионер пронашла вистински воен арсенал, односно 2.400 парчиња оружје и неколку десетици сандаци со муниција.

Според пишувањето на локалниот печат, во неговата куќа во Утерзен, во близина на Интерлакен, на западот од Швајцарија, претресот траел цели три дена, а го изведувала група од 20 лица, од кои двајца војници.

Околностите под кои пензионерот собрал толкаво количество оружје се уште не се познати.

Истрагата е се уште во тек, соопштија денеска швајцарското обвинителство и кантоналната полиција.

Сопственикот на импресивниот арсенал, чиј идентитет не се открива, е приведен и распрашан во полициската станица и истиот ден е пуштен на слобода.

Оружјето е пронајдено во подрум и сите четири ката од неговата куќа.

Полицијата запленила 1.311 пушки и 1.186 парчиња рачно оружје, како и 53 сандаци муниција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...