Пожарот во француското радио е ставен под контрола - нема жртви

Париз, 31 октомври 2014 (МИА) - Пожарот во трказлезната зграда на Радио Франс, позната под името „Мезон де ла Радио“ или „Дом на Радиото“ е ставен под контрола, изјави портпаролот на париските пожарникари Габриел Плус.

- Во интервенцијата беа вклучени шеесетина пожарникари со 16 противпожани возила опремени со пумпи кои овозможуваат да се снабдуваат со вода од хидрантите на ова висока зграда, во борбата против огнот со цел тој да биде ставен под контрола, што е веќе направено од наша страна. Ви потврдувам дека во моментов кога ви зборувам нема жртви, нагласи тој.

Пожарот избувна по експлозиите кои биле слушнати на седмиот и осмиот кат на зградата. Тој не се проширил на целите каотив, а чадот што излегувал од зградата бил видлив од сите страни на Париз.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, веќе подолго време се работи на реконструкцијата на оваа зграда, изградена во 1963 година на брегот од Сена во 16-от париски арондисман. Таа најпрво беше седиште на француската радио и телевизија, а сега само на француското радио.

В моментов на осмиот кат се вади азбестот, кој беше ставен и широко се користеше на времето како противпожарна заштита, но поради неговте канцерогени својства сега се отстранува од сите јавни згради.

Сите програми на француското национално радио Франс Интер, Франс Инфо, Франс Култур, Франс Музик, ФИП, Мов - јавниот сервис беа прекинати нешто по 12 часот и 47 минути, а околу 13 часот и 30 минути дел од ежурните новинари се вратија на работните места, но по наредба на префектурата на Париз, тие повторно беа евакуирани. Програмите повторно започнаа да се емитуваат од 14 часот и 30 минути.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...