Русија и даде рок на Франција

за испорака на воените бродови „Мистрал“

Москва, 14 ноември 2014 (МИА) - Русија денеска ја предупреди Франција на сериозните последици доколку Париз не и ги испорача до крајот на овој месец воените бродови „Мистрал“.

- Се подготвуваме за различни сценарија. Ќе чекаме до крајот на месецот, а тогаш ќе изнесе посериозни тврдења, изјави висок руски претставник. 

Францускиот премиер Мануел Валс изјави за време на посетата на Белград дека се уште не се создадени услови за Франција да и ги испорача на Русија двата воени носачи на хеликоптери „Мистрал“.

Франција веќе со месеци се соочува со потешкотии поради договорот за продажба на двата воени брода на Русија. Од една страна можната испорака на „Мистрал“ наидува на негодување кај француските сојузници со оглед на европските санкции кон Русија поради украинската криза, а од друга страна на Франција и се закануваат големи загуби доколку не ги испочитува обврските содржани во договорот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...