Украина има иднина само доколку се федерализира

Москва, 17 ноември 2014 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин изрази увереност дека Украина ќе има иднина само доколку стане федерална држава, јави ТАСС.

- Украина е сложена земја не само по етничкиот состав, туку и според процесот на создавање во сегашната нејзина форма, истакна Путин во интервју за германската телевизија А-Ер-Де.

Путин им предложи на западните држави да работат заедно за постигнување на единствен политички простор во источна Украина. - Можеме да се движиме во таа насока, но само заедно, нагласи Путин.

Тој призна дека по прашањето за остварување на безбедноста, мерките на лидерите на Русија и Германија не секогаш се совпаѓаат.

- Јасно е сепак дека Москва и Берлин сакаат ситуацијата да биде регулирана, дека се стремиме спогодбата од Минск да биде исполнат, рече Путин.

- Изминатите десет до 15 години беше поставена добра основа за развој на односите меѓу Русија и Германија и ќе биде жално доколку таа биде загубена, рече претседателот.

Според Путин, договореното од Минск не се исполнува целосно и има одредени проблеми, поврзани со тоа дека и двете страни во конфликтот не оставаат дел од населените места, согласно постигната спогодба.

Путин вети дека нема да им дозволи на украинските власти да ги уништат сите свои политички противници.

Според него проширувањето на НАТО и неговото приближување до границите на Русија суштински го изменило геополитичкиот простор, а бројот на базите во тој регион расте.

- Дали руски бази се распоредени во целиот свет? Не, базите на НАТО, американски бази се распоредени во целиот свет, вклучувајќи ги и тие на нашите граници, рече рускиот претседател.

Путин ја означи како неадекватна реакцијата на Западот во однос приклучувањето на Крим, нагласувајќи дека Москва дејствуваат според преседанот за Косово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...