Студенти се судрија со полицијата во Лондон поради зголемување на таксите за образование

Лондон, 19 ноември 2014 (МИА) - Во центарот на Лондон денеска дојде до улични судири со полицијата за време на протестниот марш на околу 5.000 студенти против зголемувањето на таксите за образование, пренесоа британските медиуми.

Стотици демонстранти успеаја да ги пробијат металните огради и да упаднат на плоштадот пред британскиот Парламент, каде си разменија тупаници со полицајците кои ја обезбедуваа зградата.

„Многумина од напаѓачите беа облечени во црно и на главите имаа качулки“, ја опиша сцената пред Парламентот електронското издание на весникот „Дејли телеграф“.

Од лондонската полициска управа информираа дека тројца негови припадници се здобиле со полесни повреди.

До попладневните часови немаше апсења.

Подоцна една група, која се отцепи од протестниот марш, го нападна кафулето „Старбакс“ и врз полицајците фрлаше столици од друг ресторан. 

Денешниот марш е првиот студентски протест во Лондон по три години, забележаа британските медиуми.

Студентите се гневни на одлуката на конзервативната Влада на Дејвид Камерон за зголемување на таксите за настава. 

Освен уличниот протест денеска студентски активисти на различни места низ земјата планираа да изведат бојкот на наставата и окупирање на универзитетските згради.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...