Новата студена војна ја предизвика Западот, не Москва

Прага, 21 ноември 2014 (МИА)- Според поранешниот претседател на Чешка, Вацлав Клаус, постои нова студена војна, која не ја предизвика Русија, туку Западот, јави дописникот на МИА од Прага.

Во интервју за руската опозициска телевизија „Дожд“ Клауд Украина ја означи за вештачка творба.

- Мене ми е тешко на таков начин да ја оценувам ситуацијата, но се плашам дека трагедијата на Украина беше искористена за почеток на нов конфликт меѓу Западот и Истокот, што не требаше да се случи, вели Клаус во интервјуто.

Тој, додаде дека Западот го искористил внатрешниот украински проблем и руската реакција била само одговор на ситуацијата, а не причина за проблемите.

Клаус, посочи дека решавањето на конфликтот треба да се базира на преговорите меѓу Киев и бунтовниците и тоа во Украина.

Истовремено, Клаус навести дека смета на распаѓање на Украина, што се очекуваше уште кога земјата ја нарече вештачка творба.

Ставовите на Клаус се слични на оние на актуелниот чешки претседател Милош Земан, поради кои деновиве беше критикуван.

Земан украинската криза ја смета за внатрешна, а не диригирана од Русија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...