Deutsche Welle

Папата ќе и‘ одржи на Европа предавање за моралот?

Папата Франциско денеска ќе зборува во Европскиот парламент и Советот на Европа. Тој е втор поглавар на Римокатоличката црква кој ќе се обрати во европските институции. Говорот може да се претвори во предавање за моралот

Европа очекува блиц-посета на Франциско. Според една германска новинска агенција, „тоа ќе биде едно од најкусите патувања во странство на еден папа во историјата на Светата столица“. Поглаварот не оди во посета на ЕУ-членката Франција, туку во посета на две европски институции. Аргентинецот ќе зборува пред Европскиот парламент и Советот на Европа. Не се планирани ниту миса ниту ручек. По три часа и 50 минути неговиот авион денеска (25.11) повторно ќе полета во насока на Рим. Но папата, како што се очекува, сепак ќе испрати јасни сигнали до европските политичари.

На силна порака на папата се надева и претседателот на ЕП, Мартин Шулц. Тој му ја врачи поканата на папата да дојде во Стразбур додека беше на аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква во Рим минатата година.

По посетата Шулц констатираше „растечко значење“ на папата за политиката. Портпаролот на Ватикан Федерико Ломбарди сепак изјави дека Франциско не сака да настапи како советодавач. Поглаварот на црквата, како што рече Ломбарди, од страна на пратениците е поканет како морален авторитет. „Тој не доаѓа како државник“, потенцира портпаролот.

Морален авторитет

Како морален авторитет папата важи, на пример, по прашањето на бегалците. Тој повеќе пати ја критикуваше европската политика кон бегалците, за која смета дека е нечовечка. На своето прво патување како нов папа во 2013 година тој го посети италијанскиот средоземноморски остров Лампедуза. Европа се изолира, критикуваше папата. Проблемот на бегалците би морало да се третира „со логиката на гостпоримството, а не со логиката на рамнодушноста“, напиша Франциско неодамна во европската книга на пријателство.

Како опоменувач и човек кој користи јасни зборови папата би можел да го спомене и конфликтот во источна Украина. Претседателот на ЕУ-бискупската конференција COMECE, кардиналот Рајнард Маркс, се надева дека говорот на папата ќе биде поттик за мир и помирување. „Тој мора да зборува и за војната на нашиот континент“, вели Маркс. Оттука, посетата на папата на Советот на Европа, чии членки се и Русија и Украина, има особено значење.

Протести на комунистите

Пред посетата на папата за збор се јавија и некои критичари на Ватикан. Така, пратеничката на шпанските комунисти Марина Албиол стави до знаење дека посетата на папата е „навреда за милиони црковни лаици“ во Европа. Сепак, Франциско може да се надева и на пријателски прием. Германскиот левичар Фабио де Маси, самиот католик, за првата апостолска ексортација „Evangelii Gaudium“ рече дека е „римска варијанта на нашата партиска програма“.

На папа, кој на „кумот на еден даночен картел и поборник на пропадната европска политика, како што е новиот шеф на ЕК Жан-Клод Јункер во книгата на пријателство ќе му напише дека тоа ја убива економската политика“ , може само да му аплаудира, изјави Де Маси. Европските Зелени сакаат да му изразат на папата „респект и признание“ за неговата борба против сиромаштијата и за нови патишта во политиката кон бегалците и климатската политика, најави шефицата на нивната пратеничка група Ребека Хармс. Истовремено, меѓутоа, по прашањето на малцинските права Зелените „немаат исто мислење“ со католичката црква. Затоа тие сакаат да им ги отстапат своите места на трибината за посетители во ЕП на претставниците на ЛГБТ-организациите.

Ретко кој верува дека е можно повторување на сликите од првата посета на еден папа на европските институции. Во 1988 година, имено, пред ЕП зборуваше папата Јован Павле Втори. Тогаш Иан Пејсли, основач на радикално протестантската ДУП од Северна Ирска, крена постер на кој папата беше опишан како „антихрист“. Пејсли беше исфрлен од салата од страна на разлутените католици.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...