Европско-африканска министерска конференција во Рим за проблемот со имиграцијата

Рим, 28 ноември 2014 (МИА) - Министри од 58 европски и африкански земји доцна синоќа разговараа во италијанскиот главен град Рим за проблемот со имиграцијата во рамките на „Процесот од Рабат“. 

Оваа четврта по ред конференција од т.н. Процес од Рабат за дијалог меѓу Европа и Медитеранот за имиграција и развој ни даде повод да ги надминеме целите, изјави со задоволство сенегалскиот министер за внатрешни работи Абдулај Дауда Диало.

- Имиграцијата е проблем како за Северот, така и за Југот, изјави Диало на конференцијата.

Според него за Африка не е добро да губи голем дел од работната сила, додека европските земји наоѓаат луѓе за кои не можат да се грижат.

Пред неколку недели во Рим се одржа гневен протест на жители на сиромашен кварт против имиграциски центар, во кој според нив се трошат држани средства и го зголемува криминалот.

- Токму на овие стравови треба да се стави крај, изјави мароканскиот министер, одговорен за марокански граѓани во странство, Анис Биру. 

Новата Европска комисија што почна со работа на почетокот на месецот, работи врз позитивниот аспект на имигрантскиот прилив, објасни шефот на европската дипломатија Федерика Могерини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...